
Тој, како што соопштуваат оттаму, се осврнал на историскиот развој на македонската етничка заедница во Австралија со својот јазик и култура, со својот придонес во рамките на мултиикултурна Австралија, иницијативата за избегнување на двојното оданочување како и зајакнувањето на трговско-деловните односи во рамките на билатаралните односи меѓу Република Македонија и Австралија.
На средбата оценил дека досегашните бизнис контакти меѓу западноавстралиските фирми со македонското стопанство се движат во нагорна линија со кое ќе се зајакне влезот на поголем австралиски капитал во Македонија.