
Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Заедно со нас во гаснењето на пожарот учествуваа и седум работници од демиркапиското комунално претпријатие „Бошава”, а помагаа и неколкумина вработени во Специјален завод Демир Капија. Не дозволивме да падне кровот на индивидуалниот станбен објект, соопшти Илиев.
Причините за пожарот и висината на материјалната штета ќе се утврдуваат дополнително.