Различен Црпко иста агенда: СДСМ со децении ја разнебитува Македонија

Откако цели две години ја изместуваа државата од рамнотежа, сега едниве почнаа да не’ заплашуваат со крваво украинско сценарио, додека другиве ни го наметнуваат чувството на вина дека ние сме биле фашисти, зошто не си ја даваме државата, и дека сме виновни за национализам едноставно затоа што сме Македонци, кои што не прифаќаат другo име освен Македонија.

Каде е решението?

Решението оди во два правци.

Првиот е да им се придава што е можно помалку внимание, затоа што давањето внимание на деструктивните клатна, значи и давање на енергија, без разлика дали таа е дадена преку позитивни или негативни чувства. Затоа, спасот од сатанистичко-атеистичката багра што не напаѓа треба да го бараме пред се’ во нивно игнорирање и свесно насочување на мислите кон нешто друго. Од друга страна, состојбата во која што се наоѓа државата не може никого да остави рамнодушен и не треба.

Но, за да не им дозволиме да не навлечат на нивните ниски вибрации, па да почнеме да пулсираме идентично со што и ќе не поробат, фокусот од гнилоста и расипаноста на домашните предавници и надворешните поробувачи да го пренасочиме кон љубовта кон земјата и сопствениот народ. Да не им дозволиме колективно да не затрујат со омраза, одмазда, гнев, страв и бес и наместо тоа да се фокусираме на идеалите на нашата борба, а тоа се правдата, вистинита и слободата. А, досегашните масовни, но мирни и исклучително достоинствени протести на граѓаните „За заедничка Македонија“ покажуваат дека сме на одличен пат. Покажуваат кој е конструктивниот, а кој деструктивниот.

Кога на почетокот на кризава, пред околу две години, многумина, а меѓу кои и официјална Москва, предупредуваа дека крајната цел на прислушуваните разговори, терористичките напади, опозициските протести, техничките министри и СЈО е распад на Македонија, веројатно за некои беше тешко за прифаќање. Но, денес веќе на сите би требало да им е кристално јасно дека токму „просветлените“ НАТО и ЕУ, досега поддржани од администрацијата на Обама, во 2017-та година од XXI-от век се’ уште заговараат крвави војни и поделба на нашата татковина.

Нивниот главен извршител во моментов е патолошкиот лажго и аболициран криминалец Црпко од Муртино, па иако неговиот збор одамна не вреди пет пари, тој и натаму изигрува дежурен кловн во регионот и ни порачува дека не требало да се плашиме и дека не било ништо страшно тоа што ќе ни се случувало, со еден лукав и налудничав израз на лицето, како на растроен доктор кој што ја „теши“ жртвата пред смртно да ја осакати. Но, некои работи никогаш не се менуваат. Многу Црпковци се сменија на чело на клатното СДСМ, но од платформата за разнебитување на Македонија никој никогаш не отстапил. Ни го сменија името и знамето, ни ја осакатија економијата, дадоа 150.000 пасоши (читај гласови) на Косовци и ја спроведоа срамната територијална поделба. Сега петтата колона доби наредба дека е дојдено време и за задавање на финалниот, смртен удар на Македонија.

И додека партијата на бившите комунисти уште еднаш, веќе традиционално, го оправда „приматот“ на петта колона во Македонија, оваа наша генерација на здраворазумни Македонци ќе ја оправда одговорноста која што ни припадна и со Божја волја и ние како и нашите предци, на нашите поколенија во наследство ќе им оставиме слободна и унитарна Македонија во која што мнозинскиот Македонски народ говори на официјален Македонски јазик.