
Согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика вредноста на БДП за 2016 година е зголемена на 9,862 милијарди евра односно е повисока за 452 милиони евра.
Согласно овие податоци државниот долг изнесува 39,1 проценти од БДП, што претставува намалување за 1,8 процентни поени, додека јавниот долг е помал за 2,3 процентни поени и изнесува 47,8 отсто од БДП.