
Српскиот геополитички аналитичар, Миша Ѓурковиќ, во гостување во дебатната емисија „Апостроф“, на телевизијата „АТВБЛ“ од Република Српска, коментирајќи ја состојбата во Македонија рече дека со Тиранската платформа всушност во Македонија на мала врата се воведуваат Албанците како конститутивен народ на Република Македонија и е почетна фаза за формирање на голема Албанија.
-Директно морам да кажам дека така наречената меѓународна заедница е најодговорна за што долу му се случува на несреќниот македонски народ. Од 2014 година трае процесот на рушење и подривање на власта на ВМРО и на Никола Груевски, во кои тие сериозно добро се бореа, користејќи ги сите можни средства, народ итн. Против нив беа користени сите средства на хибридна војна, вклучувајќи и увоз на тероризам и обид за така наречена шарена револуција, итн, анализира Ѓурковиќ.
Ѓурковиќ вели дека Тиранската платформа на мала врата ја редефинира Македонија како држава на македонскиот народ и унитарснота на држава со права за малцинствата и ги фактички ги воведува Албанците како конститутивен народ.
– Вие видовте како господинот Џафери, кој во ред им ги подредил знамињата, прво оди албанското знаме – знамето на албанската држава. Потоа знамето на ЕУ и дури на крај македонското знаме. Со ова е отворен еден процес на федерализација на Македонија на повеќе нивоа и долгорочно тоа веројатно за жал води во правец на заокружување на така наречената „Илирида“ , односно Западна Македонија, што, ако се сеќавате е процес кој е отворен 2001 година со граѓанската војна. И ова впрочем ќе води во длабока дестабилизација, мислам дека ова несреќа долу ќе трае долго, а таа во една рамка води кон креирање на еден облик како тие ја нарекуваат голема Албанија или барем во обид, за која очигледно мегународната заедница и Западот имаат разбирање повеќе од доволно, заклучува тој.