Слаткиот вкус на власта, или Никола Димитров – човек со сите политички бои

Во 2001 година, по истекувањето доверливи информации во текот на конфликтот во тогаш опозициските медиуми, владата на ВМРО-ДПМНЕ го испраќа за амбасадор во Вашингтон, истовремено кога неговиот татко Димитар Димитров е амбасадор во Москва.

Во овој период Димитров е на повремен удар на медиумите, поради наводното бугарофилство на неговите родители и наводни инциденти во приватниот живот при ноќните проводи.

Но, сето тоа многу брзо бива „покривано“ со интервенции од различни страни.

Таков беше и случајот кога подоцна како абасадор во САД надвор од сите прописи на министерството за надвоешни работи, чувствувајќи се заштитен, и карактеристично за ликовите како неговиот самобендисан, тој самиот си избира стажантка во дипломатската мисија во Вашингтон.

ND1

Во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ повторно доаѓа на власт предводен од Никола Груевски, откако во 2004-та силно во партиските превирања се активира поранешната пратеничка дотогаш позната како приврзаник на „пробугарското крило“ во партијата блиско на екс лидерот Георгиевски, но овојпат против него, Никола Димитров добива нова функција како советник за национална безбедност на нидниот нов премиер. ВМРО-ДПМНЕ повторно му дава нова функција го испраќа за амбасадор во 2009 година во Холандија, каде што останува до 2013 година. Во тој период Никола Димитров јавно не ја критикува власта на ВМРО-ДПМНЕ, но откако не успева должноста да си ја пресели во Берлин наспроти понудата да продолжи по татковите стапки и да биде амбасадор во Москва, почнува со своите „опсервации“ на „случувањата“ во Македонија.

Тогаш се вработува во Хашкиот институт за глобална правда, и има намера постојано да се насели во Холандија. Но, веќе пролетта 2015 година, кога почнува кампањата на СДСМ се појавува како член на ткн „Амстердамска тројка”, која народот шеговито ја нарече „ВМРО метросексуална“, составена од Никола Димитров, Владимир Лазаревик и Перо Димшовски, сите екс функционери во владата на Никола Груевски. Личности коишто наводно треба да го спасат ВМРО-ДПМНЕ, а всушност освен функциите што ги добивале од оваа партија никогаш ниту идеолошки, ниту со членство не се вбројувале во оваа партија, ниту, пак, имале особен придонес за Македонија.

И откако пропаѓа овој обид тројката да ја одигра ролјата на коњи тројански во самото ВМРО-ДПМНЕ, очигледно кај Димитров проработува синдромот препознатлив како „страст за власт“, па тој започнува со своето појавување во јавноста на страна на опозицијата, па дури и држи говори на нивните митинзи. Започна почесто да се враќа во Скопје, контактира со многумина лобисти од бизнис и медиумската сфера со меѓународни контакти, преку коишто и остварува директен контакт со Заев и коишто најверојатно се и тие кои издејствуваа на крајот Никола Димитров како „независен“ да биде предлог на мандатарот за нов шеф на дипломатијата.