
Македонската фудбалска селецекција во понеделникот вечерта прикажа добра игра против фаворизираната и подоброрангирана репрезенрација на Турција, но покажа неефикасност и може да жали што не успеа да забележи победа која значително ќе придонесеше за самодовербата пред продолжувањето на квалифкациите. Македонија и Турција одиграа 0:0 во пријателски натпревар на Националната арена „Филип Втори“.
Избраниците на Игор Ангеловски доминираа во мечот, создадоа повеќе шанси за гол, но не успеаја да ја затресат мрежата на противникот и да слават победа.
Во воведниот дел од мечот Турција имаше блага доминација, но како одминуваше времето Македонија се ослободуваше од притисокот и почнуваше да креира опасности кон противничкиот гол. Во 19 минута Мојсов погоди со глава, но голот беше поништен поради офсајд позиција. Македонските фудбалер постигаа гол и во 52 минута, но и тој беше поништен. Алиоски ја погоди мрежата, а голот беше поништен поради тоа што Горан Пандев беше во офсајд пред противничкиот голман, иако не ја допре топката.
Кон крајот на мечот Македонија беше поопасна и создаде повеќе шанси пред голот на Турција, но Алиоски, Несторовски и Пандев не го најдоа патот до голот. Во самиот финиш голема шанса имаше и Иван Тричковски кој излезе сам пред голманот Волкан Бабакан, но овој одбрани.
Селекторот Ангеловски може да биде задоволен од играта на неговите избраници, но не и од ефкасноста. Одбраната функционираше задоволително, и веќе три натпревара по ред нема примено гол.
Следен предизвик на Македонија е квалификацискиот дуел против Шпанија кој се игра на 11 јуни.