Војната доаѓа, Македонија пред време окупирана

Во овој момент на Балканот како и во останатиот дел од светот е ТИШИНА ПРЕД БУРА. На територијата на Македонија се навлезени албански терористи, како и на териториите на Србија (Бујановец и Прешево) и на Црна Гора (Улцињ). Од Македонија и Црна Гора нема реакции, затоа што се окупирани. Притоа македонската квислиншка влада официјално е контролирана од албански терористи.

ИЗГЛЕДА СРБИЈА Е ВНИМАТЕЛНА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА РУСИЈА.

За почеток на светска војна опции се арапскиот регион, јужнокинеското море и Балканот. Во моментов југоисточна Азија и Балканот се изедначени како прва опција. Гротескна и предизвикувачка е наградата за балканскиот крупен терорист Рамуш Харадинај, прогласен како „мисионер на мирот“ од американската дипломатска мисија за Мир во светот. На 11 јуни ќе има избори во американската воена база на Косово и Харадинај се подготвува за премиер со директна агенда за војна со Србија. Дотогаш таа македонска сосетка веројатно ќе биде воено опремена за адекватна реакција.

Слично на окупацијата на Македонија во 1941 година и денес по формирането на наметнатата влада од Западот има целосен молк. Не ги бројам формалните жалења од активисти на Дезертерската Партија за Македонска Нихилистичка Едукација (ДПМНЕ). Се изгубија една сурија наводни патриотски здруженија, како и „лавовите“ кои ветуваа вооружен отпор. Овие, кои се закануваат на окупаторот преку социјалните мрежи се толку „храбри“ што се кријат под псевдоними. Да не зборуваме за нешто повеќе. Истото е видено во 1941-1942 година кога лидерите на македонските комунисти се задоволуваат само со состаноци, бирање на партиски раководства и воени штабови, преименувања, А НА ТЕРЕН ПРАКТИЧНО НИШТО. ВМРО-вците на Ванчо Михајлов, пак, веднаш се приклучуваат кон бугарскиот окупатор. И сето тоа трае до пролетта 1943 година КОГА СИТЕ ВИДОА ДЕКА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ЈА ПОБЕДУВА ФАШИСТИЧКА ГЕРМАНИЈА.

Денес прозападната ДПМНЕ ветува реорганизација, а лидерот Груевски  ветува дека „веднаш“ или дека „еден ден“ неговата партија ќе се врати на власт. Тука нема ништо контраверзно. Просто човекот чека каде ќе дува ветерот – од Запад или од Исток. И додека се прилагодува, ги бодри во Келн, Германија ракометарите на Вардар. Исто како градоначалникот на Центар Жерновски. За да станат Вардарци европски шампиони од непостоечка држава.

Со исклучок на неколку поединци и на ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, кои директно и едноставно се спротивставуваат на окупаторот (дел од хероите од 27 април се веќе осудени), во Македонија господари громогласен молк. Се зборува и пишува за нешта што се најмалку битни за македонскиот народ, за македонското име (идентитет) и за државата. „Патриотите“ чекаат во глувчешки дупки и ќе се јават самобендисани со дигнати тупаници, кога Русија ќе дојде на Балканот. Затоа што се знае нивната девиза: ПРВИОТ ПАДНА ВО КРВ, ПОСЛЕДНИОТ СТАНА ПРВ.