
Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со амбасадорот на Косово во Република Македонија, Илбер Хиса. За време на средбата се разговараше за политичката и економската состојба во двете земји и потребата за проширување на меѓусебната трговската соработка.
Министерот Бектеши изрази задоволство од досегашната соработка со Косово во сите области, и истакна дека Косово е важен партнер на Република Македонија.
Амбасадорот Хиса го запозна министерот со работите во врска со автопатот „Арбен Џафери“ кој ги поврзува Косово и Македонија, и најави дека автопатот се очекува да се пушти во употреба во октомври. Министерот Бектеши изрази максимална посветеност и подготвеност за подобра соработка меѓу двете земји.
На крајот двајцата соговорници истакнаа дека добрососедските односи меѓу двете земји, дефинитивно ќе имаат позитивно влијание и се важни фактори за економскиот развој и стабилност на регионот.