Ќе ги прифати ли судот „бомбите“ на СДСМ како доказ или не?

Апелациониот суд денеска на јавна седница ќе расправа за тоа дали незаконски прибавените прислушувани телефонски разговори, или популарните „бомби“ на СДСМ, може да бидат доказ во постапката во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тендери“, првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заедно со Лидија Лазарова Цветковска и Јулијана Угриновска.

На крајот на септември, советот кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифатија предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката. Апелација претходно одби да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи пртивор на Канческа и Лазарова Цветковска.

Досега, за предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“, Апелација се изјасни дека бомбите може да бидат доказ во постапката, спротивно на решенијата на кривичниот суд.