Забрана за сообраќај на тешки возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни екипи. Во североисточните, источните и јужните делови од државата коловозите се наместа влажни.

На патниот правец  Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат службите на ЈП „Македонијапат“.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар која е воведена утринава во 04.20ч се уште е на сила.

На патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека од 06.05 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка  0Струга  0Кочани+2
Страцин+1Ресен -1Делчево  /
Куманово+1Крушево -3Смојмирово  0
Маџари+2Кичево  0Струмица+2
Тетово  0М.Брод+1Велес+2
П.Шапка-6Буково -2Неготино+4
Гостивар-1Ѓавато -5Д.Капија+4
Стража-3Плетвар -3Удово+3
Маврово    -4Пресека -2Гевгелија /
Дебар-6Железнец  0Кула  0
Битола+2Штип  0Петровец+2
Прилеп -1Сарамзалино+2
Охрид+1Павлешенци  0