
Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од минус два до пет степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.
И во петок ќе се задржи суво и студено време со ниски утрински температури. Во сабота ќе има ново зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела повторно следува период на стабилно и суво време, од понеделник со пораст на дневните температури.