Имаме катастрофална состојба со странските директни инвестиции. Ќе завршиме некаде околу 100 милиони помалку од 2016 година којашто, патем речено, не е најдобра туку е просечна година за странските инвестиции, изјавиво четвртокот вечерта претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија и потсети дотека земјата забележала голем пад на рангирањето за справувањето со корупцијата.
Мицкоски истакна дека може да се забележи силно инвестирање на странски компании во регионот и една таква инвестиција токму соседна Србија ја доби пред Македонија.
„Сме биле во најтесна конкуренција, не сме успеале да ги убедиме тие инвеститори. Станува збор за сериозен производител од автомобилската индустрија на возила којашто многу ќе значеше во подобрување на состојбата на БДП бидејќи додадената вредност на нивниот финален производ ќе беше голема“, потенцираше Мицкоски.
Во врска со другите економски параметри, Мицкоски додаде дека индустриското производство бележи пад од околу 4 отсто, градежниот сектор е катастрофален со пад од 12 проденти, државните девизни резерви на крајот од 2017 година споредено со 2016 година се околу 11 отсто помали, на 266 милиони евра.
„Гледаме дека се задолживме, а не почувствувавме нешто во квалитетот на нашиот живот. Претпоставувам дека задолжувањето со еврообврзницата од 500 милиони евра е за покривање на овие промашувања коишто претходно ги кажав. Така што, во моментов имаме една катастрофална ситуација“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека потрагично е што ништо не се гради, што механизацијата низ целата држава стои, а загрижувачка е и ситуацијата кај енергетиката затоа што огромен е и падот и во производството на електрична енергија.
„За јануари месец производството на електрична енергија во АД Електрани на Македонија е некаде за 25/26 отсто помало од она што било во јануари 2017 година, некаде околу 5,5 милиони евра имаат помала ликвидност. Информациите кои стигаат од РЕК Битола се помалку или повеќе за скандалозни однесувања на раководниот кадар таму и меѓучовечки и менаџерски нѐ загрижуваат, бидејќи енергетиката претставува еден од есенцијалните столбови во државата“, нагласи Мицкоски.
Истакна, исто така, и дека актуенлната влада нема концепт за псравување со корупцијата, иако Македонија во неодманешното рангирање беше оценета како најкорумпираната земја во Европа.
Мицкоски го коментираше извештајот за перцепција на корупција на „Транспаренси“ на кој Македонија бележи катастрофален пад од 17 места односно од 90 на 107 место.
„Македонија отиде надолу 17 места во извештајот и е најлоша во регионот. Во 2015-та во истиот извештај, Македонија бележеше раст од 50 места и беше лидер во регионот во борба со корупција. Сега е лидер во спротивна смисла. Овој извештај е за период во кој технички министри во владата се од СДСМ. Заменици и министри. Инаку, да не заборавиме, дека последните седум месеци од календарската 2017 година е време каде СДСМ целосно ја менаџира Владата на Република Македонија. Така што ние треба да се фокусираме на иднината. Ако ние имаме ваква позиција каде паѓаме 17 места на скалата Транспаренси Интернешнал, ако знаеме дека се случуваат коруптивни скандали на дневна основа, ако гледаме дека Владата не презема ништо да ја превенира таа ситуација која во моментот се случува во државата, тогаш навистина имаме проблем како општество, како граѓани. Јас не се чувствувам сигурен и безбеден“, истакна Мицкоски.