
Куманово моментално е убедливо најзагадениот град во Македонија.
Граѓаните повторно се гушат во смог, а мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.
Во моментов со ПМ 10 честички е 266 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3.
Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата во однос на загадувањето.