
Гафур Адили, познат по своите заложби и активности за албанското прашање, односно за Голема Албанија, и кој уште од 80-те години за време на Југославија се наоѓа во егзил во неколку држави во Европа, но и во Албанија, неодамна се врати во своето родно Кичево и вели дека има прелдог за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Порталот на албански јазик „ЛајмПрес“ го објавува предлогот на Адили за ново име на Мекедонија.

Според објавеното, тој вели:
Ние Албанците од ПЈРМ, да предложиме нејзиното ново име да биде Република Полог-Пелагонија, затоа што Грција нема да се спротистави на ова ново име. “ПОЛОГ – ПЕЛАГОНИЈА ..! Не разбирам зошто ФИРОМ (ПЈРМ) да не се вика Поллог-Пелагонија?! Зошто да не предложиме (ние Албанците) ПЈРМ (ФИРОМ) да се вика Република Полог-Пелагонија?! Не верувам дека на оваа име, Република Полог-Пелагонија ќе се спротивстави Грција“.