
Како политичка партија и во минатото, но и во иднината ќе се обидеме да понудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот на нивниот живот бидејќи единствен капитал на Република Македонија се граѓаните и тие заслужуваат да имаат подобар живот, истакна во четврокот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Штип.
„Токму од тука мотивирани на 2-ри јуни ќе се собереме пред платото на Владата на Република Македонија каде што ќе ја одбележиме оваа една година на чемер и јад, влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ќе понудиме решенија, нови политики, но и ќе започне падот на владата на СДСМ, која што се надевам дека ќе биде конечно поразена на предвремени парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски.
Одговари на новинарско прашање „Дали е тоа предвестие за предвремени парламентарни избор“?
„Како што кажав во изјавата, тоа е еден почеток на падот на СДСМ, односно на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Се надевам дека што е можно побрзо ќе бидат остварени и реализирани условите за да може опозицијата да се чувствува комотно, да излеземе на предвремени парламентарни избори и да ја поразиме оваа ненародна влада којашто ѝ се случува на нашата татковина“, рече Мицкоски.
Беше запрашан и за тоа дека во изминатиов период слушнавме еден куп предлози и решенија за околу спорот со соседна Грција, па според вас има ли решение или нема ?
„Нашата позиција е јасна, повторена во низа наврати во минатото поврзана со спорот којшто го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име. Таа е непроменета и потврдено од страна на партиските органи во изминатите денови. Навистина не располагам со дополнитени информации кои што би значеле за вас и би биле предмет на интерес. Тоа што беше во изминативе денови презентирано на јавноста во Република Македонија тоа го знам јас“, истакна Мицкоски.