
Германската канцеларка, Ангела Меркел и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанијаху се согласија денеска во Берлин дека активностите на Иран на Блискиот Исток се загрижувачки, особено по Израел, а Нетанијаху предупреди дека овие активности се закануваат на Европа да и донесат уште еден наплив на бегалци.
Нетанјаху, кој е на турнеја со цел да ги убеди европските земји да ја следат администрацијата на САД за отповикување на нуклеарниот договор со Иран, по разговорот со канцеларката рече дека Иран ги користи приходите од ублажените санкции за финансирање на конфликти, пренесува Ројтерс.
Иран сака да ги прошири и распореди шиитските полиции. Тоа ќе ги разгори верските војни чиј резултат ќе биде многу повеќе бегалци, а знате добро каде тие ќе одат, предупреди израелскиот премиер.
Меркел изјави дека се согласува оти активностите на Иран на Блискиот Исток се загрижувачки, особено за безбедноста на Израел, но истакна дека преговорите и нуклеарната спогодба од која што отстапи САД, обезбедуваат начини за да се осуетат нуклеарните и регионалните амбиции на Иран.
Ние го поддржуваме правото на Израел за безбедност и тоа му го кажуваме на Иран секој пат. Имаме иста цел – Иран никогаш да нема нуклеарен оружје, но имаме различни ставови како да се постигне тоа, изјави Меркел.