Владата не коментира за пишувањата на српски „Курир“, информациите биле непотврдени

Владата не коментира непотврдени извори, изјави за Плусинфо Миле Бошњаковски, портпарол на Владата за информацијата на српски „Курир“ дека пропаднале преговорите за името.

Македонија и Грција не постигнаа заедничко решение околу спорот за името па преговорите пропаднаа, ексклузивно пишува српски „Курир“.

Тие пишуваат дека грчката страна побарала целосно бришење на одредницата „Македонија“ од конечното решение, поради што не е возможен компромис во овој момент.