
Премеирот Зоран Заев работи против националните и државните интереси, нему не му е тешко да се колне, но потоа да ја работи спротивно на тоа, изјави претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ во четвртокот вечерта на телевизија Телма
Претседателот на најголемата опозициска партија истакна дека премиерот Заев работи против националните и државните интереси. Според Мицкоски, и покрај фактот што Заев се заколнал пред Уставот, постојано го крши Уставот и законите на Македонија.
„Кога станува збор за колнењето, тоа е негова одлика честопати да се колне, а гледаме дека и покрај тие колнења тој истите ги прекршува. Така што, она што се заколнал пред Уставот дека ќе ги штити интересите на граѓаните, ќе го штити државниот и националниот интерес, ќе ги штити законите и Уставот во практиката се случува сосема спротивното“, рече Мицкоски.
На прашањето дали “ќе пукне некој од мака зошто не е решено прашањето со името“, Мицкоски вели дека единствено ќе се пукне од мака на начинот на кој се распродаваат националните интереси во земјата.
„Ќе ‘пукнеме’ од мака додека гледаме како се распродаваат националните интереси во земјата која ја сакаме и гледаме дека како првиот најповикан што треба да ја заштити државата и да ја води, а тоа е насоката на проспертитет, насоката на економски развој и насоката на реформи оди во спротивна насока во она што се заколнал а тоа е Уставот. Гледаме како дрско и безобразно се обраќа во Собранието пред пратениците, се обраќа на еден лош начин и прашува дали ни е криво, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде со сите средства и алатки кои стојат на располагање да се заштити националниот интерес и притоа ќе се обидат на граѓаните во големо мнозинство да им се разобличат овие политики што ги во води владата на СДСМ.
Во однос на ставовите на Заев, Мицкоски вели дека тоа му е колнењето му е која тој често пати го прекршува. Тој посочи дека Заев се заколнал пред Уставот дека ќе ги штити националните и државните интереси но наместо тоа тој ги прекршува.
„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно не стои зад кампањата на фејсбук за бојкот на референдумот и кога имате нерационални политики и политики кои што се спротивни на државните и националните интереси, а вие сте дел од опозицијата, во случајот јас како претседател на најголемата опозициска политичка партија моја чест и должност е да го зачувам достоинството на партијата, татковината и граѓаните во Република Македонија“, потенцираше Мицкоски .
„Јас денеска патувајќи од седиштето до вашата телевизија наидов на неколку полициски блокади, бариери и слично каде е ограничено движењето на граѓаните во овој град и ги прашав полицајците на што се должи сето ова и дали можеби се подготвува некакво славење, радост на граѓаните на Република Македонија, бидејќи во парламентот помина тоа што помина денеска, но тие ми рекоа дека се подготвуваат протести, а овој одговор ме зачуди бидејќи доколку нешто е за славење и ако е нешто добро за граѓаните, добро ќе беше тие да го прослават и да има некаква еуфорија и да се создаде впечаток дека Македонија триумфирала и дека по една година навистина дојде животот“, истакна Мицкоски.