
Повеќе од 75.000 фанови на Кими Раиконен потпишаа петиција во која бараат од „Ферари“ да го задржи финскиот возач во нивините редови уште една година, а да не го доведуваат Шарл Леклер на негово место.
Во петицијата се наведува дека нема причина за отказ на светскиот шампион од 2007 година и дека на италијанскиот тим му е потребен баланс при Себастијан Фетел.
Кими, исто така, беше подобар од Фетел во неколку наврати што покажува дека се вратил во форма, а неговото возење во Монца само му дава на кредибилитет на ова барање, се вели во петицијата.
Мали се шансите дека петицијата ќе има големо влијание врз челниците на „Ферари“, за кои се верува дека веќе одлучиле 20-годишниот Леклер да го замени Раиконен. Се очекува официјалната потврда да пристигне многу брзо, можеби пред следниот викенд, кога ќе се вози Големата награда на Сингапур.
Раиконен е најстариот возач во шампионатот, бидејќи ќе наполни 39 години во октомври, а и се уште е последниот шампион на „Ферари“. Поради неговото возење, но и однесување, бидејќи сите го познаваат како „студениот“ поради игнорирањето на гламурот на Формула 1, медиумите и спонзорските обврски, еден е од најпопуларните во шампионатот во последниве години. Се чини дека оваа година омекна, а при тоа го подигна своето ниво на патеките.