
Ако вие викате дека сте за договорот и ако излегувате на телевизија, или на гостувањето на Би-Би-Си го слушавме премиерот кој вели дека 75 проценти од граѓаните ќе го поддржат договорот, чуму тогаш потребите од ваква масовна кампања, атак на сите сетила, манипулативна кампања, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
Посочи и примери кои се манипулација на граѓаните.
„Ние не гласаме за бесплатно здравство во ЕУ, ние гласаме еден ден да сме од ЕУ и да направиме супер модерна болница каде без разлика на етничка припадност сите граѓани ќе добиваат истити квалиттни услуги. Ние не гласаме за бесплатно образоване во ЕУ. Ова е патем речено лага зошто нема ниту бесплатно здравство, ниту образование“, истакана Мицкоски.