
Власта на СДСМ нема капацитет да организира демократско изјаснување, нагласувајќи дека имало низа на нерегуларности и девијантно однесување од страна на лица кои ги полнеле кутиите на одредени избирачки места, додавајќи дека ваквото однесување ја враќа Македонија наназад и претставува навреда за граѓаните на Република Македонија, поради тоа ќе предложам Анкетна комисија за испитување на злоупотребите на референдумскиот процес, изјави во понеделникот вечерта лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во разговорот на телевизијата Алфа.
.
„Во местото Брушино во Арачиново, избирачко место 2340 каде што просечно во изминатите изборни циклуси излегувале околу 40 проценти од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список, сега излегле повеќе од 80 проценти. Но она што е интересно е што наеднаш добиле желба за излегување е помеѓу 17 до 19 часот, каде што процентот за излезеност пораснал од 38 на 81 проценти. Кога тоа математички би го свеле на операција тоа значи секои 15 секунди по еден гласач успеал да го оствари своето гласачко право, што е навистина спротива на сите закони на физиката, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека и во скопските општини, како и во цела република имало голем број на нерегуларности. Како што рече, во Кичево во село Зајас на избирачкото место 815 изминатите изборни циклуси каде што излегувале луѓето на гласање бил 40 проценти, додека сега има двојно повеќе околу 80 проценти, додавајќи дека проценти се зголемил на 80 отсто меѓу 17 и 19 часот.
Во Шишево во Сарај во принцип излегувале некаде околу 50 до 52 проценти изминатите изборни циклуси, а за референдумското изјаснување тоа е некаде околу 89 отсто, а драматично се зголемува бројот на гласачи кои решиле да излезат на овој референдум повторно меѓу 17 и 19 часот, објасни тој.
Мицкоски истакна дека има голем број на евидентирани нерегуларности, при што додаде дека според анализата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 50.000 гласови кои на насилен и девијантен начин се брутално полнети во кутиите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најави притоа дека ќе предожи фирмирање Анкетна комисија којашто би ги преиспитала евентуалните злоупотреби во текот на референдумскиот процес
„Нашата анализа покажува дека повеќе од 50.000 гласа на ова референдумско изјаснување, се гласови кои што на насилен и девијантен начин се брутално полнети во кутиите. Ако оваа бројка се додаде на онаа бројка која што ја кажа Заев, тогаш ние ќе добиеме една бројка на гласови која што е под секаков минимум.Но, тоа не загрижува толку колку што загрижува дрскоста на политичарите, на политичките елити кои што ја водат Владата, да се дрзнат и да влезат во една ваква авантура во процес во кој ќе ја вратат Македонија во 90-тите години кога револвераши беа присутни во изборните места, рече Мицкоски.
Потенцираше дека се’ е документирано и дека ќе ја запознат меѓународната заедница што се случуваше вчера во Македонија. Бидејќи, како што рече од ова Јавно обвинителство, не очекува ништо.
„Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, па се’ до бруталното полнење на кутиите“, рече Мицкоски.