
Македонската фудбалска репрезентација остана на 68 позиција на најновата ранг листата на ФИФА, иако меѓу двете последни промени на листата одигра два натпревари.
Победа дома против Лихтенштајн 4:1 и пораз во Ерменија 4:0.
Прва репрезентација на светот е Белгија со само еден бод повеќе од Франција. Бразил е трет, Хрватска четврта а Англија петта по големата победа над Шпанија. Во Топ 10 се уште и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.