Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ располага со огромен кадровски потенцијал

Покажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ располага со кадровски потенцијал кој што секогаш е на располагање на партијата и уште еднаш ја потврдуваме тезата дека ВМРО-ПДМНЕ била, е и ќе остане расадник на кадри во иднина но исто така и тезата дека без секого се може рече, членикот Христијан Мицкоски во остувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија

Мицкоски во врска со најновите оставки во рамките на партијата вели дека веднаш на местата на Даниела Рангелова и Лука Кржаловски се назначени в.д. претседатели на Унијата на жените и Унијата на младите сили а ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека во деновите кои престојат ќе биде реформирана структурата на тие две партиски структури, а се очекува и да се распише конкурс за пополнување на овие позиции.