
Како и минатите, така и оваа години, во овој период почнуваме да се регистрираат екстремно високите концетрации на ПМ 10 честичките кои се резултата на горење. И покрај предизборните ветувања на сегашните градоначалници во неколку скопски општини и овие канцерогени честички минатите седмици се искачија и до 200 микрограми на метар кубен, што е четири пати над дозволената граница, а ситуацијата не беше поразлична ниту во другите градови во земјата.
Во петокот регистрирани се следните концентрации на загадувањето на воздухот во Куманово, каде се измерени 163 мг. ПМ честички на кубен метар, потоа Битола, каде на мерниот пункт Битола 1 се измерени 153 мг/м3 и Кавадарци со 128 мг/м3.
Флавниот град Скопје во четвртокот се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, според податокот објавен на интеренет страницата air visual.
Така, според вредностите од петпокот вечерта, Куманови и Битола би биле сместени на поменатата листа.