
Заборавете на црвените елки на Меланија Трамп бидејќи црното е новото зелено во трендот на елките.
Црната елка е секако вештачка и иако ширум светот преферираат да декорираат природни зелени елки, сепак годинава изборот е повеќе неконвенционален.
Иако не е со типичен традиционален изглед, црната елка може да му даде многу уникатен гламур на домот. На пример, украсена со бели и сребрени лампиони би понудила необичен скандинавски и шик изглед.
Всушност, црното парира со секоја боја. Доколку не ви делува мрачна и готски, слободно експериментирајте со изборот на китење и изненадете ги вашите најмили.
Видео во прилог…