Македонија и Албанија имаат златна можност за создавање заеднички пазар

Албанија и Македонија тежнеат да станат еден пазар за инвестиции, трговија и туризам, изјави македонскиот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардиљ Даути.

Како дел од Фондот за Западен Балкан, Албанија и Македонија треба да ги искористат предностите од златната можност за промовирање на Албанија и на Македонија како единствен пазар, зголемувајќи ги потенцијалните приходи во двете земји”, рече Даути во интервју за новинската агенција АТА.

Тој истакна дека „македонскиот бизнис има за цел да ги прошири своите активности во Албанија преку користење на услугите на пристаништето во Драч, наместо во Солун”.

Македонските бизниси може да имаат корист од туристичката гранка во Албанија, особено од инвестирање во хотели со четири и пет ѕвездички и туристички центри, рече Даути, кој работи како професор по макроекономијата на Универзитетот во Тетово.

Албанскиот бизнис, додаде Даути, има шанса да ги зголеми инвестициите во Македонија во областа на индустрискиот развој.

Аспирациите на нашите две земји да се приклучат кон ЕУ се поврзани со Копенхашките критериуми, а токму земјите-аспиранти за членство во Унијата треба да се промовираат на макроекономско поле, вели Даути.