Студено и ветровито време

Овој петок не очекува претежно облачно време, со умерен и повремено засилен северен ветер.

Температурите ќе бидат минусни во текот на целиот ден, а студеното време носи можност и за провејување на снег.

Во јужните делови на Македонија ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Во Скопје, утринската температура ќе се движи од -1 до -4 степени Целзиусови.