
Под влијание на влажен и студен бран, денеска ќе има нови и пообилни врнежи од снег, особено во западните делови на Македонија.
Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50.
Минусните температури ќе бидат изразито ниски во источна и западна Македонија, а во Скопје може да очекуваме до -7 степени Целзиусови.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.