
Иса Рафизи, вработен во полицијата, ги потврди пишувањата на Нетпрес, дека полицајците од инцидентот од Шуто Оризари, добиле ќотек од свои колеги во МВР.
Почитувани колеги овие се двајцата наши колеги што заедно со некој од нас работеле до завчера, овие двајца се полицајци кои земале плата како нас, да се бориме против криминалот да ги заштитиме граѓаните и нивниот имот. Овие се двајцата полицајци што завчера во населба Шуто Оризари нападнаа полицајци и тоа лично мене заедно со масата, каде наш колега заврши трагично и се бори за живот. Жалосно какви колеги ни биле овие двајца, наПиша рафизи на својот фејсбук профил.