-0.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Мицкоски: Економијата и технолошкиот развој ќе бидат приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

ниманието и поддршката кон домашниот бизнис ќе биде наш приоритет, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои посети производствен погон во Охрид.

„Посетив произвоствен погон во Охрид со околу 50-тина вработени. Фабрика која се занимава со изработка на метални делови и лиење на делови од пластика и изработка на филтри. Ветивме отвореност кон малите и средни претпријатија кои се моторот на македонската економија со извозот кој што го прават. Ќе направиме поволна бизнис клима, ниски даноци, скратени процедури, подобри и поволни услови за нивно проширување и зголемување на капацитетите. Економијата и технолошкиот развој ќе бидат нашиот приоритет. Македонија мора да се развива, и да понуди шанса на секого, истакна Мицкоски.