
Сигурен сум во победата на опозициската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на претстојните претседателски избори, а премиерот Зоран Заев да го одржи дадениот збор и веднаш потоа да распише предвремени парламентарни избори, порача во петокот челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Моцкоски на средбите со избирачите во Битола.
Мицкоски најави голем митинг на ВМРО-ДПМЕН во Битола.
„Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза“, рече Мицкоски.“
Истакна дека е сигурен во победата на Силјановска Давкова на овие претседателски избори, а пред битолчани изјави дека се надева дека Заев, „еднаш ќе остане на ќажаниот збор“ и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.
„Затоа, сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.