Мицкоски: Дали првиот човек на владата со фалсификат на пописот работи оваа држава да ја снема

Вака како што е предвиден според овој закон кој што е даден како предлог во Собранието практично се потврдуваат оние шпекулации за тајни средби во двата круга кога се правело редефинирање на политичкиот систем во Република Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за Законот за попис во гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Мицкоски ги коментираше и изјавите првиот и вториот човек во Владата на СДСМ кои што се заканувале доколку Македонија не добие датум дека ќе се распадни, укажувајќи дека мора да се води сметка за што го зборуваат функционерите во владата и да сносат одговорност

Видовте како заменик претседател на владата на една национална телевизија вели ако Македонија оваа лето не добие датум за преговори, ќе се распаднела. И никому ништо. Нема ниту еден критичар да кажа чекај што зборува овој човек. Вториот човек во вадата се заканува за суверенитетот на Македонија. Ние нема да добиеме датум, ќе се распаднеме ли? Сега треба да одговори. Не е тој било кој, не е ова малку игра па се зезале се зафркавале децата надвор на улицата. Ќе се распаднеме ли, кога ќе биде тој период?ако не се распаднеме значи тој лажел, тогаш ќе треба да сноси одговорност, сметка Мицкоски.