Мицкоски: Сите ветувања на Заев се претворија во разочарувања, а казната ќе стаса на следните избори

Голем број ветувања коишто граѓаните имаае можност да ги слушнат од премиерот Зоран Заев во изминатите три години, се претворија во големи разочарувања, оцени лидетот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кој едноставно таков е начинот на кој Заев функционира, но казната за ваквата политика ќе го стигне на следните избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека никој повеќе не веруваат во ветувањата на.

„Јас навистина не знам денеска во Република Македонија дали некој се уште верува на ветувањата на Зоран Заев? Но јас би зборувал за реалноста, ние ветувања од Зоран Заев може да слушнеме многу и да видиме дека тие ветувања лесно се претвораат во големи разочарувања. Едноставно така методолошки функционира човеков и тоа е тоа, веќе трета година по ред, но резултатот на таквиот начин на водење на политика ќе го види веќе на следните избори,“, рече Мицкоски