
Изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница, но нема повредени. Куќата од педесетина квадрати на еден кат започнала да гори околу 11 часот и 20 минути, по што биле повикани тетовските пожарникари.
„Два часа ни требаа за да се локализира и целосно да биде изгаснат пожарот. Спречено е огнот да се прошири на другите блиски објекти и куќи. Семејството навремено се евакуирало и нема повредени, но има огромна материјална штета“, изјави командирот на територијалната противпожарната единица Ука Алити.
Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари.