
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим изјави дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во Европската унија.
– Можеме да направиме многу добри работи, но исто така и да потонеме во хаос. И затоа мора да го надгледуваме сето она што се случува околу нас и, што се однесува до Хрватска, да им помогнеме на соседните земји – БиХ и Македонија – да влезат во Европската унија, рече Грабар-Китаровиќ.
Во контекст на заедничките безбедносни закани, таа оцени дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на двата народи.