
Две лица се здобиле со повреди од остар предмет по расправија во двор од куќа, информира МВР.
Вчера во 22:00 часот во СВР Куманово приведен бил 29-годишниот Ш.Б., поради нанесување на повреди со остар предмет на А.Б.(51) и Е.Б.(23) по претходна расправија помеѓу нив во двор од куќа на улицата „Веселин Маслеша“.
Во општата болница во Куманово на Е.Б. и А.Б им е укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.