
Тринаесетгодишно девојче денеска починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.
Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.
Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.