
Монако го позајми Ислам Слимани од Лестер, соопшти тимот од Кнежеството на официјалната веб-страница.
Договорот на 31-годишниот напаѓач во францускиот тим е за една година. Алжирецот го носеше дресот на Фенербахче минатата сезона, но на 15 одиграни натпревари во турското првенство тој постигна само 1 гол и „фенерџиите“ се откажа од него.
Сега Монако, кој се соочува со сериозни проблеми од почетокот на сезоната, се надева дека Слимани ќе ја врати својата најдобра форма и ќе започне да постигнува голови.
На клупско ниво, тој има 292 натпревари во кои има постигнато 111 погодок.