
Скоро седум пати е намалено нивото на реката Вардар кај Јегуновце во однос на септемврискиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Под просекот за септември е и водостојот на Вардар кај Велес, како и на поголем број од останатите реки како Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Струмица, Црн Дрим и Сатеска.
Зголемување на водостојот во однос на септемврискиот просек има само кај реката Вардар кај Скопје и кај Демир Капија и кај реката Брегалница кај Штип.