
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Макфакс“ вели дека очекува и е сигурен дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи, и разликата дека ќе биде повеќе од 100.000 гласови, ако сега се одржат избори.
Христијан Мицкоски во интервјуто додава дека тоа го темели на навигацијата која што ја имаат и дека генерално политиките ги водат најмногу на бројки, а многу малку на чуства но кога и чувствата и бројките ќе се соединат и ќе се поклопат тогаш имаат сигурна одлука каква политика да водат.
– Факт е и тоа дека граѓаните на Македонија се уморни од избори, уморни од политика, уморни од ветувања, бидејќи нема испорака само има ветувања, факт е дека во моментот можеби постои апстиненција односно можеби интенција за апстиненција кај нашите сограѓани, но мислам дека ќе биде доволна провокација новата програма што ќе ја понуди ВМРО ДПМНЕ со коалицијата да имаме една стабилна убедлива победа, која што понатаму ќе генерира една стабилна влада која што ќе може сите овие политики кои што се темелат на вистински вредности не на лаги и манипулации и арамилук да ги спроведат, нагласи Мицкоски.