Белата куќа потсети дека затворените сослушувања во рамките на импичментот се нелегални

Портпаролата на Белата куќа, Стефани Гришам, во понедленикот повтори дека не се легални сослушувањата зад затворени врати без кои ги водат демократите во комитетите на Претставничкиот дом во Конгресот во нивните настојувања да го отворат процесот за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно во понеделникто, челничката на Претставничкиот дом во кој демократите имаат ,мнозинство, Ненси Пелоси, објави дека седмицата во долниот дом на Конгресот во полн состав ќе гласа за резулуцијата за импичмент за форамлизирање на процесот.

Според Гришам, демократите на овој начин признале дека „спрвеле неовластена постапка во рамките на импичментот“. Белата куќа уште еднаш предупреди дека заторените сослушувања во рамките на оваа истрага се незаконски.

Демократите во Претставничкиот дом веќе спроведуваат истрага во рамките на импичментот, а републиканците ги обвинуваат дека не го започнале процесот преку задолжителното општо гласање. Пелоси тврди дека тоа не е потребно, бидејќи комитетите со кои претседаваат и се во мнозинство демократите, веќе ги имале сите потребни овластувања за истрагата околу можното отповикување.

Пелоси рече дека резолуцијата „ќе воспостави процедури за сослушувањето кои ќе бидат отворени за американскиот народ“, што во една рака ги потврдува тврдењата на Гришам. Поркај тоа, резолуцијата би им овозможила на демократите да ги објавуваат записниците од претходно спроведените сослушувања на сведоците. Собраните информации потоа ќе бидат предадени на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, кој ќе биде вклучен во составувањето на точките по кои Трамп ќе бидат обвинети во рамките на импичментот.