
И покрај врнежите, водостоите на некои од реките во земјава се уште се преполовени. Двојно пониски од просекот за ноември се Струмица кај Ново Село, Црн Дрим кај Ложани и на Крива Река кај Крива Паланка.
Од просекот отстапуваат и Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Вардар кај Демир Капија и Велес, како и Брегалница кај Штип.
Нешто повеќе од четири пати е зголемено нивото на Сатеска кај Ботун, а покачување на водостоите има и на Вардар кај Јегуновце и Скопје.
И кај езерата се регистрирани промени на нивоата. Дојранското е зголемено, додека Преспанското и Охридското бележат извесни намалувања.