
Пред почетокот на Самитот на Европската Народна Партија остварив средба со претседателот на Европската Комисија и иден претседател на Европската Народна Партија, Доналд Туск.
На средбата изразив загриженост за состојбите во Република Македонија, недостигот на правда, зависниот и корумпиран правосуден систем, како и растечката сиромаштија. Побарав поддршка за Република Македонија на планот на Европските интеграции.
Туск, како пријател на нашата земја, изрази подготвеност да помогне на патот кон Европската Унија и градење на продлабочено партнерство и соработка со ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народа Партија.
Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите потенцијали и пријателства да се одблокира европскиот пат и да се спроведат реформи кои ќе донесат стандарди, подобар живот и обнова која им е потребна на граѓаните, напиша на Фејсбук, Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.