
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тел Авив за да го поддржат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој минатата недела беше обвинет за корупција.
„Нетанјаху, народот е со вас“ и „Не за правосудната диктатура“, се замо дел од транспарентите што ги носеа демонстрантите.
За митингот, прв по поднесувањето на обвинението проти израелскиот премиер, неговата партија Ликуд организираше автобуси од целата земја.
– Кога нашиот премиер е нападнат на сите фронтови, време е да се обединиме и да го зајакнеме, напиша министерката за култура и спорт Мири Регев на Фејсбук. Таа е блиска соработничка на Нетанјаху и присуствуваше на собирот.
Нетанјаху (70) на 21 ноември беше обвинет за корупција, злоупотреба на службената должност и малверзација во три одвоени случаи.