Лазо Велковски покрај џипот од МВР, се опарил и со 33.000 евра од СЈО

„Нетпрес“ во 2018 година обелодени скандал во кој ќерката на Велковски, со службен полициски теренец „ренџ ровер“ беше однесена на летување во Грција.

Од дрското и распуштено трошење на народни пари, не се офајдиле само „специјалните“ во СЈО. Високи хонорари дарежливо им се давале и на директори на државни институции, синови и ќерки на судии и обвинители….

Гнев во јавноста предизвикаа повеќе „звучни“ имиња на чија сметка легнале илјадници евра за нивната особена „експертиза“, но запрепасти и името на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, на кој Катица Јанева, за три години му исплатила хонорар од околу 33.000 евра.

„Нетпрес“ во 2018 година обелодени скандал во кој ќерката на Велковски, со службен полициски теренец „ренџ ровер“ беше однесена на летување во Грција.

По два дена молк во МВР за скандалот, теренско возило што го должеше директорот на Бирото за јавна безбедност, беше „пронајдено“ во кругот на МВР.

Во својот исказ директорот Велковски тогаш се правдаше дека службеното возило го ангажирал бидејќи имало закани кон него и неговото семејство. А, бидејќи дента кога требало неговата ќерка да замине на одмор со неколку другарки во кампот „Евридики“, во Грција, тој бил работно ангажиран за прославата на 2 август и проценил дека е небезбедно ќерка му да патува сама. Па, за приватни потреби, ангажирал член на своето обезбедување „безбедно“ да ја пренесе ќерка му до Грција, и тоа со службениот луксузен џип на МВР.

По овој скандал, минстерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побара негово разрешување, што набргу потоа, се случи.