
Американскиот државн секретар Мајк Помпо изјаво во средата дека транспортните компании од Иран ставени во спосокот за санкции бил ангажирани во транспортот на оружје за масовно уништување и доставуваат оружје за шиитските бунтовници во Јемен и за ирански паравоени сили.
Компанијата „Mahan Air“, која беше веќе под американски санкции под сомение за „поддршка на тероризмот“, повторно е ставена на дополнителниот сипоск поради „специфичната улога во распространување на оружје за масовно уништување“, изјави Помпео.
Бродарските компании, исто така, ставени на дополнителниот список за санкции, испорачувале оружје во Јемен, прецизираше американскиот државен секретар.
Воздухопловната компанија „Mahan Air“, како и десетици нејзини авиони се додадени на списокот на санкциите на САД, објави претходно американското министесрство за финансии. Покрај тоа, САД додадле на споменатиот список еден државјанин на Иран, пет компании од Иран, Кина и Обединетите Араспски Емирати, како и два брода.
„Иранскиот режим ги користи воздухопловната и бродската индустрија за поддршка на регионалните терористички мрежи и вооружни лица, директно придонсувајќи за разорната хуманитарна криза во Сирија и во Јемен“, изјави американскиот министер за финасии, Стивен Мнучин.
Иранскиот државјанин ставен на списокот за санкции е идентификуван како Абдолхосин Хедри, и според Мнучин учествувал во испораките за иранската Исламска револуционерна гарда, а истото го правеле и компаниите под контрола на Хедри.
На листата за санкции се вклуечни и тројца трговски претставници на компанијата „Mahan Air“ на Блискиот исток и во Азија. Сопственоста на наведените санкционирани комшани ќе бидат блокиран во областите под јурисдикција на САД, а на американските државјани им е забрането да соработуваат со нив.