
Бев во посета на фабриката Макдиа која функционира од 2015та година. Странска инвестиција која е додадена вредност на македонската економија. Ваквите средби се добредојдени и неопходни особено во овој период кога ги финишираме и последните мерки кои ќе бидат дел од нашата економска понуда која треба да ја донесе неопходната обнова, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук и додаде:
„Она што ќе го понудиме ќе биде основано на позитивното искуство и ќе значи решение на проблемите со кој се соочува бизнисот. Економијата подразбира неопходност од домашни и странски инвестиции за брз развој, но воедно и правна сигурност и исклучителна посветеност во искоренувањето на широкораспространетата корупција. Нашиот и мојот фокус ќе биде економскиот развој кој ќе ги направи луѓето побогати и посреќни, ќе отвори можности и шанса за создавање на извесна иднина. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има најдобрата програма со особен фокус на економските прашања. Тоа ќе овозможи препородување и економска обнова затоа што Македонија заслужува повеќе и подобро“.