
Фудбалерите на Сасуоло беа убедливи во понеделникот и со 3:0 ја совладаа гостинската Бреша во последниот натпревар од 26-то коло на италијанското првенство.
Двоен стрелец за домашната екипа беше Франческо Капуто, во 45 и 61 минита, а погодок постигна и Жереми Бога во 75 минута.
Поради епидемијата од коронавирусот, натпреварот беше одигран пред празните трибини на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.
Со овие три Сасуоло сега има 32 бода и се искачи на 11-то место на табелата, додека Бреша го претрпе и третиот пораз во низа и со 16 бодови, останува последна 20-та.