Косово ја затвори границата со Македонија

Косово ја затвори границата со Македонија, потврдија и од македонското МВР. По синоќешната одлука на косовската влада границата е затворена освен за влез на косовски државјани и проток на стока. Од единствениот отворен граничен премин на Косово, ќе биде отворен граничниот премин Блаце.

Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката се зголеми на три. Вкупно се тестирани 140 лица, а во текот на ноќта се очекуваат резултатите од 90 луѓе кои биле во контакт со заболените.